ЗЕМАЛЕ КРЕДИТИ ВО ТУЃО ИМЕ: Кривични за банкарски службеници и две кумановки

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службена положба и овластување, оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.Д.(23) и М.В.(35), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови камери и заштитни огради на депонијата „Краста“, Димитриевски најави и осветлување

Како што појаснуваат од МВР, првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената.

Додека, останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари.

Никола Ивановски