Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе останат без напојување со електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, во период од 08:00 до 13:00 часот прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците од улиците „11 Октомври“ и „ЈНА“, како и Полициската станица Куманово.
Во период од 09:30 до 12:30 без струја денеска ќе биде и дел од Индустриската зона Новине и Речица.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

