Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта.
Како штп информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи.
По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време, со услови за врнежи од дожд и грмежи, но и за кратки сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 19 степени целзиусови.

Недела носи променливо облачно време со услови за сонце, но и за врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 18 степени целзиусови.

Новата работна недела ќе започне со врнежи од дожд.
Никола Ивановски

