Силна бура ја погоди Шпанија. Има и загинати!

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од бурата „Адам“ и поплавите во Валенсија, Шпанија, се зголеми на четири, откако во понеделник беа регистрирани уште две жртви, објавија локалните власти.

Тие изјавија дека 450 лица се спасени од поплавената област и дека спасувачките операции се спроведени во исклучително сложени услови поради срушени патишта и поплави.

Бурата донесе рекордни врнежи од дожд и поплави во регионот Леванте на Иберискиот Полуостров и Балеарските Острови, објави RTVE.

Врнежите од дожд во понеделник беа помеѓу 600 и 700 литри на квадратен метар на јужниот брег на Валенсија и северно Аликанте.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жителите на Алберта гласаа да останат дел од Канада

Спасувачките екипи и службите за итни случаи остануваат распоредени во најтешко погодените области.