Неколку локации во кумановско денеска и утре привремено ќе останат без електрична енергија, поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:45 до 14:30 часот без напојување ќе бидат жителите од селото Долно Којнаре.
Во период од 09:00 до 15:00 часот прекини ќе има на дел од улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.
Од 09:15 до 12:15 денеска без струја ќе останат и жителите на дел од улицата „11 Октомври“.
Утре пак во период од 09:00 до 14:30 часот прекини ќе има во селото Биљановце, додека од 09:00 до 15:00 часот повторно без струја ќе бидат дел од улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.
Станува збор за најавени прекини поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

