КПД-Прилеп е побезбедна, поефикасна и пофункционална институција, оценува директорот Емил Јанески, кој во рамки на отчетот на ЗНАМ ги презентираше мерките и резултатите постигнати во изминатите две години.
Неговата прес конференција ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:
„КПД-Прилеп денес е побезбедна, поефикасна и пофункционална институција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишното учество во Владата, преку конкретните резултати на функционерите од своите редови.
КПД-Прилеп е пример дека со одговорно раководење, системски пристап и јасни приоритети може значително да се промени состојбата во една институција.
Пред две години, во април 2024 година, вработените протестираа поради нарушената безбедносна состојба. Денес, по преземените мерки, КПД-Прилеп е меѓу најбезбедните казнено-поправни установи во државата.
Но, за ЗНАМ, безбедноста не значи само контрола. Таа значи и достоинствени услови, здравствена заштита и создавање реални можности за ресоцијализација и враќање на осудените лица во општеството.
Во изминатите две години подобрени се условите за сместување, реновирани се санитарните јазли, обезбедена е топла вода преку соларни панели, а воведен е и современ систем за ладење со користење природен ресурс од затворскиот бунар, без дополнителен финансиски трошок за установата.
Зајакната е здравствената заштита со ангажирање лекар и вработување медицински сестри, а со поставувањето на телефонски говорници е олеснет контактот на осудените лица со нивните семејства.
Особено важен дел од политиката е работниот ангажман. Во КПД-Прилеп функционираат фарми, се обработуваат околу 19 хектари земјоделски површини и работилници, а преку договори со компании и институции се овозможува работа и надвор од установата.
Така, осудените лица стекнуваат работни навики и вештини, а институцијата рационално ги користи сопствените ресурси. Трошокот за исхрана на едно осудено лице изнесува околу 50 денари дневно.
Истовремено, подобрени се и условите за работа на затворската полиција, со нови униформи и противпожарна опрема.
Ова е суштината на политиката на ЗНАМ – институциите да не бидат само потрошувачи на јавни средства, туку функционални системи што создаваат резултати и јавна вредност.
КПД-Прилеп денес е поорганизирана, побезбедна и поефикасна институција. Тоа е резултат на работа, одговорност и воспоставување функционални системи.
Две години работа. Две години резултати. ЗНАМ – политиките преточени во конкретни промени“, соти во соопштението.

