Кошаркарите на Куманово вечерва на гостување против МЗТ Скопје Аеродром ја започнуваат битката во новата сезона од домашната Суперлига.
Избраниците на Марин Докузовски, засилени со репрезентативецот Адем Мекиќ, ќе имаат можност за реванширање откако на домашен терен беа совладани во Суперкуп натпреварот токму од екипата од Аеродром изминатиот викенд.
Тренерот Докузовски вели дека стартот на сезоната го дочекуваат подготвени.
– Задоволни сме од сработеното. Напорно трениравме и добро се подготвивме физички и тактички. Имаме уште простор за напредок, но стартот го дочекуваме подготвени, вели Докузовски.
Очекува силна конкуренција сезонава, но вели дека предноста на Куманово е во тимската игра, дисциплината и карактерот.
Вечерашниот меч се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот.
Никола Ивановски

