Аеродромите во Лублин и Жешов се повторно отворени откако беа привремено затворени поради активност на воената авијација, објави денес Полската агенција за контрола на воздушниот сообраќај.
„Аеродромите во Лублин и Жешов ги воспоставија летовите“, соопшти агенцијата на платформата X, објави Ројтерс.
Полската војска претходно објави дека воената авијација дејствувала во полскиот воздушен простор поради руските напади врз Украина користејќи „средства за воздушен напад“.
Како одбранбена мерка, армијата подготвила и копнени системи за противвоздушна одбрана и извидувачки радари со цел да го обезбеди воздушниот простор, според Танјуг.

