Над 400 приведени за време на ученички протести во Франција, најмалку 60 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 400 лица, претежно малолетници, се приведени во Франција поради ученички протести во средните училишта низ целата земја, изјави францускиот министер за внатрешни работи.

Протестите започнаа пред една недела и се проширија низ целата земја, објавува Би-Би-Си.

Учениците блокираат многу училишта поради низа проблеми, како што се преполни училници, оптоварување од сеопфатна образовна програма и недостаток на наставен кадар.

Најмалку 10 наставници и неколку ученици, како и 48 полицајци, беа повредени за време на вчерашните протести, соопштија официјални лица.

Според Министерството за образование, најмалку 400 училишта беа погодени од протестите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп донесе важна одлука за вештачката интелигенција: Судбината на човештвото може да зависи од тоа дали е во право!

Француските медиуми објавија дека демонстрантите испукале огномет кон полицијата, која одговорила со палки и солзавец.

Министерот за образование Едуард Зефре вели дека учениците имаат право на протест, но го осуди насилството.

Протестот на средношколците доби на интензитет во последните денови. Пред влезовите на многу средни училишта во Париз и други градови, учениците поставија блокадни транспаренти.