Автомобил утринава удрил во полициско возило во липковско, по што три лица излегле од него и ги нападнале полицајците.
– На 29.09.2026 во 05:55 часот во село Липково, товарно возило кое превезувало дрва не застанало на даден знак стоп од полициски службеници, при што удрило во службено возило на МВР, а потоа возачот на товарното возило со две лица кои пристигнале со патничко возило, физички нападнале двајца полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

