Делови од Куманово денеска, утре и задутре без струја

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска, утре и задутре ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини во снабдувањето.

Како што информираат од Електродистрибуција денеска и утре од 08:45 до 14:45 струја ќе немаат улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.

Утре (среда) без струја во период од 07:30 до 15:30 часот ќе останат жителите од улиците „Ленинова“, „Панче Пешев“, „Пелинска“ и „Доне Божинов“.

Задутре повторно ќе има прекини на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“ од 08:45 до 14:45 часот.

Од 10:30 до 12:15, задутре (четврток) прекини во снабдувањето ќе има во населбата Јане Сандански, село Доброшане со индустрискиот дел, населбата Вера Которка, селата Проевце, Шупли Камен и Орашац, како и населбата Зелен Рид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово најави дополнителна механизација за санирање на Краста (ВИДЕО)

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенции во електродистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски