Младата кумановска тенисерка Гала Трајковска го освои својот прв турнир во портокалов тенис, носејќи нов успех за ТК „Тумба“ Куманово.
Турнирот се одржа на 26 и 27 септември во организација и во просториите на ТК „МТП“ – Скопје.
Трајковска настапи во конкуренција на девојчиња, а до титулата стигна по победата во финалето против Каја Радески од ТК „Југ“, со 2-1 во сетови.

Кумановката претходно со одлични настапи го освои првото место во својата група, со што обезбеди пласман во завршницата на турнирот и продолжи во борбата за титулата.
Покрај Трајковска, на турнирот настапија и Лорена Јовчевска и Јаков Петковски, кои исто така имаа солидни настапи.

Освоената титула претставува значаен успех за младата тенисерка и уште една потврда за работата со младите категории во ТК „Тумба“ Куманово.
Никола Ивановски

