ПСК „Поларис“ утре организира крводарителска акција во Куманово

Сподели со своите пријатели

Планинарскиот спортски клуб „Поларис“ од Куманово утре организира крводарителска акција во просториите на Општинската организација на Црвениот крст – Куманово.

Акцијата ќе се одржи од 10:00 до 15:00 часот, а се организира во соработка со Црвениот крст на град Куманово и Институтот за трансфузиона медицина.

Мотото на акцијата е „Бидете хумани како што сте упорни на планина“, со кое организаторите сакаат да ја поврзат планинарската традиција со хуманоста и доброволното дарување крв.

Од ПСК „Поларис“ ги повикуваат сите планинари, но и граѓаните од Куманово и другите градови кои сакаат да даруваат крв, да се приклучат на отворената крводарителска акција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово најави дополнителна механизација за санирање на Краста (ВИДЕО)

За учество е задолжително претходно пријавување на телефонскиот број 076 533 300.

Организаторите потсетуваат дека крв треба да даруваат само лица кои се здрави и подготвени за дарување.

Пред и по акцијата се препорачува зголемен внес на течности, додека по дарувањето треба да се избегнува потешка физичка активност и да се обезбеди одмор во наредните два до три дена.

„Срцето и крвта се богатство кое не се продава и не се купува, туку се дарува и подарува“, порачуваат организаторите.

Никола Ивановски