Екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром во сабота ќе се борат за трофеј во финалето од Суперкупот „Драган Василов – Цевка“, кое ќе се игра во Спортската сала во Куманово.
Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија.
Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија.
Мечот се игра во сабота со почеток од 18 часот, а избраниците на тренерот Марин Докузовски ќе имаат и многубројна поддршка од трибините.
Билети може да се набават во Тобако Агора во Гарнизон, а може да се купат и онлајн преку платформата на МКтикетс по цена од 150 денари.
Никола Ивановски

