Десет пожари вчера низ Куманово, Липково и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Десет пожари биле регистрирани изминатото деноноќие на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Најголем дел од пожарите се на запалена сува трева. Во два наврати вчера сува трева горела во поранешната касарна „Христијан Карпош“ во Бедиње.

Сува трева горела и во Ајдучка Чешма, како и липковските села Ваксинце и Слупчане.

Кумановските пожарникари вчера во два наврати интервенирале и на пожар кој избувнал на депонијата Краста во село Пчиња.

На улицата „Доне Божинов“, вчеравечер се запалиле сува трева и смет, додека на булеварот „Октомвриска револуција“ горел контејнер за ѓубре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Превентивна активност „Стоп за безобѕирно управување со моторни возила и несреќи на патишта“

Еден пожар вчера изгаснале и пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане. Во селото Степанце горела сува трева, а бил зафатен и еден помошен објект од куќа. Интервенирале двајца пожарникари во период од 11:35 до 13:35 часот.

Никола Ивановски