Единаесет пожари изгаснале кумановските пожарникари и еден пожарникарите во Старо Нагоричане во тект на изминатото деноноќие.
Најголем дел од пожарите, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, биле на запалена сува трева.
Сува трева и стрништа гореле на следните локации:
– М.в. Стари Лозја, каде од 09:30 до 10:45 часот интервенирале двајца пожарникари.
– село Речица, каде од 13:00 до 14:45 часот интервенирале тројца пожарникари.
– село Ваксинце, Општина Липково, каде освен сува трева горело и стрниште. Во период од 16:25 до 17:25 часот интервенирале тројца двајца пожарникари.
– село Черкезе каде од 17:00 до 18:40 интервенирале двајца пожарникари.
– село Черкезе каде од 17:5 до 18:20 интервенирале двајца пожарникари.
– Зад фабриката Искра, каде во период од 19:20 до 19:35 часот интервенирале двајца пожарникари.
– Липковско Васикнце, каде од 19:10 до 20:50 часот горело стрниште. Интервенирале тројца пожарникари.
– Село Гошинце, липковско, од 15:15 до 20:55 часот гореле сува трева и шума. Интервенирале тројца пожарникари и двајца вработени во ЈП „Национални шуми“.
– Село Черкезе, каде од 21:30 до 22:40 часот интервенирале тројца пожарникари.
На улицата Ѓуро Пуцар Стари во период од 21:20 до 22:45 часот горел контејнер за смет. Интервенирале двајца пожарникари.
На булеварот „Октомвриска револуција“ гореле сува трева и смет. Во период од 23:15 до полноќ, интервенирале тројца пожарникари.
Пожар вчера имало и на територијата на општината Старо Нагоричане. Во селото Бељаковце горела сува трева, а во гаснењето учествувале седум пожарникари до ТППЕ Старо Нагоричане, с две противпожарни возила, од 11:25 до 14:30 часот.
Никола Ивановски

