Захарова остра кон Зеленски, го обвини за „отворен тероризам“

Сподели со своите пријатели

Потезите што ги направи претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврдуваат дека тој е „ментално болен терорист“, изјави денес Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Она што го прават режимот во Киев и Зеленски е, секако, отворен тероризам. Целта на терористите е да сеат паника и да всадат страв. Тоа е суштината, движечката сила. Не само да окупираат, освојуваат, присвојуваат и ограбуваат, или на некој начин да вршат влијание, туку да предизвикуваат терор“, рече Захарова, пренесува Спутник.

Според нејзината проценка, „имало многу такви пореметени лица кои верувале дека нивната злоба и омраза ќе ја натераат планетата да оди во друга орбита“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон го повика Вашингтон да обезбеди побрза помош за Украина, за време на средбата со Трамп

Како што рече таа, илјадници конференции беа одржани на меѓународни форуми каде што беше нагласено дека всадувањето страв е една од примарните цели на терористите, односно дека тоа е она на што се фокусираат.

„Западот всушност го убеди Зеленски дека тој е централна фигура на меѓународната агенда. Тоа е погрешен впечаток, но му е всаден. Следствено, тој верува дека може да го искористи својот наводен статус за ширење страв и идеологија на заплашување насочена против оние што ги мрази. И токму тоа го направи. И сепак, Земјата не престана да се врти поради тоа“, заклучи Захарова, како што објави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен аналитичар на ЦИА: Европа повеќе нема сила да се спротивстави на Русија