Десет пожари во кумановско изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Дури десет пожари изминатото деноноќие гореле на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, моментално активен пожар има во селата Липково, Слупчане и Бељаковце, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.

Вчера пак пожарникарите интервенирале првин на запалено стрниште во липковско Оризаре во период од 10:55 до 11:50 часот.

Сува трева горела во селото Пчиња во период од 13:20 до 14:05 часот каде интервенирале тројца пожарникари.

Сува трева горела и во селата Опае, Руѓинце, Долно Којнаре, Слупчане, Черкезе и Табановце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 24-годишен кумановец кој возел со 1,68 промили алкохол

На улицата „Димитар Влахов“ пожарникарите интервенирале и на запален оџак од куќа.

Сува трева вчера горела и во селото Руѓинце, каде интервенирале осум пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане со три противпожарни возила.

Пожарот се проширил и во селото Бељаковце, каде изгорел и еден стар објект.

На помош пристигнале и тројца пожарникари од Куманово, а во гаснењето помагале и меташните од селата.

Пожарот избувнал околу 14 часот, а бил ликвидиран дури синоќа околу 21:30 часот.

Никола Ивановски