Директорот на БЈБ ја распушти единицата за борба против дрога во Куманово

Сподели со своите пријатели

Регионалната организациска единица при СВР Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога, е распуштена поради недоволни резултати, соопшти денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

 

 

Јанев денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде се разговарало за безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

 

 

Како што е наведено, по 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата биле констатирани недоволни резултати.

Поради тоа, на предлог на Јанев, а со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, единицата е распуштена.

 

 

Сите членови на досегашната единица се разрешени и упатени на други работни места, додека на нивно место се поставени нови полициски службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за работа само на хартија. Потребни се конкретни акции, откриени сторители, запленета дрога и разбиени криминални мрежи. Кога резултатите изостануваат, следува одговорност – без изговори и привилегии“, порача Јанев.

 

 

Тој најави дека ќе продолжат одлучните чекори секаде каде што ќе биде констатирано неработење или отсуство на резултати.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски