Горивото во Италија е сè поскапо и покрај државните бенефиции

Сподели со своите пријатели

Цените на горивата во Италија дополнително се зголемија и просечната цена на литар безоловен бензин на пумпи за самопослужување достигна 2.132 евра, во споредба со 2.120 евра претходниот ден, додека цените на дизелот се зголемија од 2.231 на 2.246 евра за литар, иако намалувањето на акцизата за дизелот од 17 центи за литар е сè уште на сила, објави денес италијанското Министерство за претприемништво и производство „Произведено во Италија“ (MIMIT).

Намалувањето на акцизата првпат беше воведено кон крајот на јули со одлука на владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони со цел да се ублажи влијанието на високите цени на горивата врз граѓаните по избувнувањето на конфликтот во Персискиот Залив, а мерката е продолжена неколку пати оттогаш, објавува Анса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија останува без физички способни војници

Според сегашниот план, мерката истекува утре, но се очекува италијанската влада повторно да ја продолжи, објавува Танјуг.