Најмалку 60 лица загинаа кога рудник за злато се урна северно од градот Ал-Нухуд во суданската покраина Западен Кордофан, изјавија денес за Ројтерс три локални извори.
Извори проценуваат дека големиот број жртви е резултат на непочитување на безбедносните процедури и недостаток на опрема за спасување.
Голем број луѓе сè уште се бараат по инцидентот што се случи во неделата во јужниот дел од земјата во рудникот Ал-Зара.
Западен Кордофан е под контрола на паравоените Сили за брза поддршка (RSF), за кои рударството на злато е клучен извор на приход, пренесува Танјуг.
Судан е еден од најголемите производители на злато во Африка, но голем дел од скапоцениот метал се експлоатира со користење на застарени техники на рударство.

