Руски дронови го нападнаа Киев рано утрово, погодени бензинска пумпа и магацини

Сподели со своите пријатели

Рано утрово руските сили го нападнаа Киев со беспилотни летала, погодувајќи бензинска пумпа и магацини во два градски квартови, изјави утрово градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Во населбата Дарница, беспилотно летало погоди бензинска пумпа, а едно лице е повредено и хоспитализирано, објави „Унион“.

Кличко изјави дека човекот е во сериозна состојба.

Напад е забележан и врз магацини во населбата Оболон, додаде градоначалникот, како што објави „Танјуг“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија