Почести возови на релацијата Скопје-Куманово, најави Николоски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нови возни линии и почести железнички врски меѓу Скопје и Куманово најавува министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Николоски посочи дека во моментов постои пилот-проект со кој возот сообраќа двапати дневно на релацијата Нова железничка станица – Куманово, но дека Министерството заедно со „Железници Транспорт“ работи на интензивирање и зголемување на фреквенцијата.

– Вториот проект е меѓуградски во меѓу Скопје и Куманово, знаете дека пилот има и во моментов двапати дневно сообраќа воз на линија нова железничка станица станица куманово заработиме заедно со железници транспорт на интензивирање и зголемување на фреквенцијата“, изјави Николоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово ја отвори новата сезона со пораз од Прилеп

 

 

Тој оцени дека железничкиот превоз претставува поевтина и поеколошка алтернатива на патувањето со автомобил или автобус, посочувајќи ги и актуелните цени на билетите.

– Цените се далеку далеку поевтини во моментов 87 денари е карта во еден правец, 140 денари е карта во два правци, 1.850 месечна карта што е далеку поевтино од било кој друг превоз, рече Николоски.

Министерот најави и силна промоција на железничкиот превоз во наредниот период, со цел поголем број граѓани да го користат возот на релацијата меѓу двата града.

Никола Ивановски