31-годишник бегал од кумановската полиција оти возел без дозвола

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција вчера бркала, па привела триесет и едногодишник од липковско Опае оти не застанал на даден знак, а бидејќи возел без дозвола.

– На 28.08.2026 во 16:00 часот во село Опае, липковско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.А.(31) од село Опае, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, патничко возило „тојота“ со кумановски регистарски ознаки не застанало на даден знак за запирање, туку продолжило со движење.

– По преземени мерки од полициски службеници С.А бил сопрен и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит, додаваат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово нападнат од свој врсник

По насоки на јавен обвинител, како што стои во соопштението, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено.

– По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Куманово.

Никола Ивановски