Кривопаланчанка нападнала полицајци при вршење службени дејствија

Сподели со своите пријатели

На 26 август во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода 22-годишната В.С. од Крива Паланка.

Полицијата постапувала по претходна пријава дека истиот ден во населбата „Баглак“ во Крива Паланка го нарушила јавниот ред и мир, по што се однесувала агресивно и физички нападнала полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  7 милиони денари поддршка за компаниите од преработувачката индустрија преку два нови јавни повици