Четириесет и осумгодишник од Куманово бил приведен ноќва по пријава дека го нападнал својот малолетен син, откако првин се обидел да ја нападне својата сопруга.
– На 27.08.2026 во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Н.(48) од Куманово, постапувајќи по пријава дека во семејниот дом во Куманово се обидел физички да ја нападне неговата 48-годишна сопруга, по што физички го нападнал неговиот малолетен син, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против З.Н ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

