Поради сомнителен случај на западнонилска треска, вечерва вонредно прскање во Војник

Сподели со своите пријатели

Поради еден сомнителен случај на западнонилска треска, вечерва ќе се изврши вонредно прскање против комарци во селото Војник.

Како што информира градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, лицето престојувало во селото и по протокол мора да биде извршена дезинсекција.

– Поради сомнителен случај на лице со западнонилска треска, коешто има престојувано во селото Војник, Општина Старо Нагоричане, денеска по 22:00 часот ќе се изврши дезинсекција на територијата на селото, вели Слаковски.

Тој упати апел пчеларите да преземат мерки за заштита на своите пчелни семејства.

Официјална потврда за случајот засега нема од Центарот за јавно здравје Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граѓаните да ги остранат возилата околу „Жмара“, апелираат од „Куманово паркинг“

Никола Ивановски