Една од најотровните скорпии каснала патничка на аеродромот во Диселдорф

Сподели со своите пријатели

На аеродромот во Диселдорф, скорпија скриена во нејзината јакна каснала 52-годишна патничка, соопштија пожарникарите.

Инцидентот се случил во петок, а жената пристигнала во Диселдорф од Грција, од островот Кос.

Брзата помош се погрижила за жената и ја пренела во болница на лекување.

Повикан бил и експерт за влекачи од противпожарната служба на Диселдорф, кој ја фатил скорпијата.

Таа се пожалила на болка на местото на каснување

Вештакот утврдил дека станува збор за палестинска жолта скорпија.

Станува збор за една од најотровните скорпии во светот, а нејзиното убодување може да биде фатално за децата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефицата на AfD: Ќе го укинеме еврото, ќе го напуштиме Шенген и ќе ги затвориме границите. Ќе ги депортираме Сиријците!

Овој вид е широко распространет во Северна Африка, Турција и Арапскиот Полуостров.

Нема попрецизни информации за моменталната здравствена состојба на 52-годишната жена.

За време на транспортот до болницата, таа се пожалила на болка на местото на каснување, но била свесна и можела да зборува, пишува Die Zeit.

Во координација со центарот за контрола на труења, специјалист за влекачи и лекар од итна медицинска помош, пациентот бил пренесен во Универзитетската болница во Диселдорф.

Скорпијата била префрлена во зоолошката градина.