Конго добива 70.000 вакцини против ебола, ама не се знае дали делуваат

Сподели со своите пријатели

Конго ќе добие 70.000 дози од вакцината Ервебо, која претходно се користеше за борба против ебола, објави Светската здравствена организација.

Вакцината Ервебо е одобрена за употреба против вирусот ебола, еден од вирусите што ја предизвикуваат болеста, но не и против вирусот Бундибугио, кој е причина за сегашната епидемија.

СЗО во соопштението наведува дека иако не е познато дали вакцината Ервебо може да обезбеди заштита од вирусот Бундибугио, „раните лабораториски податоци и податоци од животни сугерираат дека може да обезбеди одреден степен на заштита“.

Светската здравствена организација додаде дека доделената сума вклучува 20.000 дози за трета фаза на клиничко испитување, кое има за цел да ја утврди ефикасноста на вакцината против вирусот Бундибугио.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убавица осудена на смрт: Ги труела мажите со кои излегувала на состаноци, обожавателите бараат помилување

Останатите 50.000 дози ќе се користат за вакцинирање на здравствените работници и оние кои се ангажирани на првата линија на борбата против епидемијата, во согласност со препораките на експертите на Светската здравствена организација.

Во епидемијата на ебола во Конго, досега починаа 2.476 лица, од вкупно 5.208 потврдени случаи на инфекција.