Поради пепелта од Етна во прекин е авиосообраќајот на Сицилија

Сподели со своите пријатели

Воздишниот сообраќај повторно е делумно ограничен на меѓународниот аеродром Катанија на италијанскиот остров Сицилија поради повторното исфрлање на пепел од вулканот Етна, објави во понеделникот аеродромскиот оператор.

Дел од воздушниот простор е затворен поради исфрлање на пепел, што го ограничува бројот на можни пристигнувања, велат од операторот.

До 14 часот, во Катанија може да слетаат најмногу пет авиони на час. Излезните летови не се ограничени.

Аеродромот најави дека во текот на денот ќе објавува нови информации за развојот на ситуацијата. На патниците им се препорачува да го проверат статусот на нивните летови со нивните авиокомпании.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МЕТА НА СУД: Ако изгуби, Инстаграм и Фејсбук би можеле радикално да се променат

Ситуацијата повторно се влоши по викендот

Состојбата на аеродромот се нормализираше дури во текот на викендот, откако авионскиот сообраќај беше сериозно нарушен повеќе од една недела.

По ерупцијата, Етна во неколку наврати исфрли вулканска пепел, предизвикувајќи големи проблеми во воздушниот сообраќај. Многубројните летови мораа да бидат откажани или пренасочени.

Во саботата нивото на предупредување за вулканот е намалено, а воздушниот сообраќај се нормализира. Меѓутоа, поради излевање на пепел сега е повторно ограничено.