Бен Гвир: Секоја вечер треба да бидат убиени помеѓу 30 и 40 луѓе во Газа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир изјави дека секоја вечер треба да бидат убиени помеѓу 30 и 40 луѓе во Газа.

Тој ја даде изјавата за време на разговор со поранешниот заложник од Газа, Рома Браславски, во неговиот подкаст.

Двајцата разговараа за закрепнувањето на Израел од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, при што Бен-Гвир го критикуваше неодамнешното намалување на израелските воздушни напади во Газа.

– Не е тајна дека не се согласувам со премиерот. Верувам дека во Газа треба да се извршуваат целни убиства и дека 30 до 40 луѓе треба да бидат елиминирани секоја вечер. И не само оние кои претставуваат непосредна закана, туку има луѓе таму кои не се достојни за живот. Тие не треба да живеат. Тие дури ни не се луѓе – рече Бен Гвир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По необичен состанок со Хамас: Нетанјаху денес со зетот на Трамп

За време на војната во Газа, тој постојано повикуваше на целосна блокада на хуманитарната помош, водата и горивото додека не се ослободат сите израелски заложници.

Тој изјави дека прекинувањето на помошта би бил најефикасниот начин за притисок врз Хамас.

Бен-Гвир јавно се залагаше за проектот за „доброволно преселување“ или емиграција на жителите на Газа во трети земји, наведувајќи дека тоа ќе донесе стабилност и ќе им овозможи на израелските доселеници да се вратат во Појасот Газа.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По необичен состанок со Хамас: Нетанјаху денес со зетот на Трамп

Екстремист

Пред да влезе во владата, Бен-Гвир беше познат со години по својот екстремистички активизам.

Во младоста беше следбеник на забранетото движење Кач Меир Кахане.

На пошироката јавност ѝ стана познат во 1995 година кога пред камерите го покажа украдениот знак од автомобилот на тогашниот премиер Јицак Рабин, изјавувајќи: „Стигнавме до неговиот автомобил, ќе стигнеме и до него“ (Рабин беше убиен кратко потоа).

Израелскиот премиер Јицак Рабин беше убиен на 4 ноември 1995 година, бидејќи ги потпиша договорите од Осло со Јасер Арафат и се обиде да ги нормализира односите со Палестинците.

Плукање пред христијани

Пред да влезе во политиката, додека работеше како адвокат бранејќи десничарски екстравагантни активисти, Бен-Гвир јавно го оправдуваше плукањето во близина на христијански симболи или свештенство, нарекувајќи го „древен еврејски обичај“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По необичен состанок со Хамас: Нетанјаху денес со зетот на Трамп