Автомобил натоварен со дрва се запалил во Пузаљка, пожарот се проширил и на шума

Сподели со своите пријатели

Автомобил натоварен со дрва викендов се запалил во селото Пузаљка, а огнот се проширил и на нискостеблестата шума во околината.

– На 09.08.2026 година во 18:38 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Пузаљка, Општина Старо Нагоричане настанал пожар во паркирано патничко моторно возило кое било натоварено со дрва. Од пожарот била зафатена и нискостеблеста шума, информираат од Секторот за внатрешни работи.

 

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот поточно бил во селото Коинце покрај реката, при што интервенирале двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане во период од 17:45 до 20:20 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маж допирал 19-годишна девојка во Куманово па избегал со својот мотор

 

 

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.

 

 

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски