Австрија руши температурни рекорди: Најтоплата ноќ и ден во историјата на мерењата

Сподели со своите пријатели

Во австрискиот град Хорнштајн, температурата во текот на ноќта не падна под 28,5 степени целзиусови, што е највисоката ноќна температура во историјата на мерењата.

Температурниот рекорд е срушен и во Виена, каде што живата во термометарот во центарот на градот во текот на ноќта не падна под 27,4 степени целзиусови, објавува Krone.

Во Австрија е срушен и рекордот за дневни температури, кога во Виена се измерени 41 степен целзиусов, а девет други мерни станици во таа земја измериле температури од 40 степени.

Како што е наведено, месечните рекорди за август се забележани на уште 101 мерни станици во Австрија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на пушачи во ЕУ се намалува, Бугарија е лидер во употребата на тутунски производи