Европската унија планира до средината на октомври треба да го разгледа и усвои 22-от пакет санкции против Русија, кој, според весникот „Известија“, ќе биде насочен првенствено кон спречување на заобиколување на веќе воведените ограничувања, без нови мерки од голем обем.
Повикувајќи се на европски дипломатски извори, весникот наведува дека Европската комисија подготвува предлог за нов пакет, кој сè уште не е испратен до Советот на ЕУ на разгледување.
„Планирано е сите процедури да бидат завршени до седницата на Советот на ЕУ за надворешни работи на 12 октомври, иако е можно тоа да се случи порано“, изјави еден од соговорниците на весникот.
Според друг дипломатски извор, новиот пакет веројатно нема да содржи значајни нови рестриктивни мерки, туку ќе биде насочен кон борба против заобиколувањето на постојните санкции и проширување на црните листи на компании и организации кои, според Брисел, посредуваат во такви шеми.
„Пакетот ќе биде фокусиран на борба против избегнувањето на санкциите и дополнување на црните листи на организации кои дејствуваат како посредници во такви механизми“, рече изворот.
Како што се додава, Брисел смета дека минатото искуство покажало дека е поефикасно да се воведат целни мерки против поединечни компании ширум светот отколку да се обидуваат да усвојат нови, сеопфатни пакети санкции.
На 23 јули, Советот на Европската Унија го усвои 21-от пакет санкции против Русија, чие усогласување беше тешко поради несогласувањето на поединечните земји-членки кои предупредуваа на негативните последици од ваквите мерки за европските економии.
Руските претставници постојано оценуваат дека санкциите не ја постигнале својата цел.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, кон крајот на јули изјави дека западните санкции не ја парализирале руската економија, иако, како што наведе, донеле одредени тешкотии.

