Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините денес, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 10 километри, во регионот Минданао, на 104 километри од градот Генерал Сантос.
Не е издадено предупредување за цунами.
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван интензивно и траел долго време.

