Најмалку пет лица загинаа, а шестмина се повредени утринава во напад со украинско беспилотно летало врз московскиот регион, соопшти шефот на регионот Андреј Воробјов.
Тој на Телеграм објави дека во индустриската зона Новоселки избувнале неколку пожари по нападот на украинските беспилотни летала врз московскиот регион, а најголемиот бил во магацин и веќе бил изгаснат, пренесе РИА Новости.
Воробјов изјавил дека во нападите била оштетена електричната трафостаница и управната зграда, како и дека на лице место продолжуваат да работат пожарникарите и сите служби за итна помош, пренесува Танјуг.

