Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека за време на рускиот ракетен напад врз западна Украина, ракетата влегла во полскиот воздушен простор.
Туск изјави на мрежата X дека поради инцидентот свикал координативен тим со учество на министерот за одбрана и надлежните служби, кои со часови работат на терен и даваат информации за сите околности на настанот.
Според него, објектот што паднал на земјоделско земјиште во источна Полска во текот на ноќта најверојатно е руска ракета.
„Сè укажува на фактот дека станува збор за руска балистичка ракета H-101, но сакаме да бидеме апсолутно сигурни за видот на ракетата и кој ја лансирал“, рече Туск на вонредниот состанок.
Истрагата е во тек.

