Захарова: Италијанската мафија се обидува да купи украински дронови на црниот пазар

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека западната помош за Украина не е лек за болните, како што тврди италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, „туку завој за мртвите“.

Кросето претходно ја спореди поддршката на режимот во Киев со обезбедување лекови за болно лице, според агенцијата РИА Новости.

„Би сакала да ја откријам тајната за кои лекови зборуваше италијанскиот министер за одбрана. Дали знаете како се викаат? Завои“, изјави таа за радио Спутник, коментирајќи ја оваа изјава.

Во исто време, Захарова нагласи дека се согласува со споредбата на режимот во Киев со болно лице.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат град на западот од Русија. Горат магацинот на „Руски Амазон“ и рафинерија (ВИДЕО)

Таа, исто така, коментираше за интересот на италијанската мафија за украинските дронови и рече дека Русија ја предупреди Европа дека нема да може да ги контролира дејствијата на режимот во Киев.

Новинската агенција Анса, повикувајќи се на главниот обвинител на Палермо, Маурицио Де Лучија, претходно објави дека италијанската мафија се обидува да купи беспилотни летала користени во конфликтот во Украина на црниот пазар.

„Сите го предвидовме ова, му кажавме и му објаснивме на Брисел: „Никогаш нема да можете да го контролирате чудовиштето што го создадовте“, изјави Захарова за радио Спутник, коментирајќи ја оваа информација, како што јави Танјуг.