Компанијата Ербас успешно го заврши маратонскиот тест лет на авионот А350 кој траеше повеќе од 24 часа и предизвика големо внимание на интернет.
Авионот Ербас А350 што полета од аеродромот во Мелбурн слета на пистата на Ербас во Тулуз по 24 часа во воздух, објави Ројтерс.
Тест летот е клучен чекор во проектот Санрајз на австралиската авиокомпанија Квантас, кој има за цел да ги опслужи најдолгите комерцијални патнички рути во светот и да ги трансформира долгите воздушни патувања со елиминирање на трансферите помеѓу Австралија и Европа.
Специјално адаптираниот авион Ербас А350-1000ULR на австралискиот Квантас треба да започне со непрекинати комерцијални летови на линијата Сиднеј-Лондон од 2027 година.
Ербас соопшти дека авионот, кој има специјално дизајниран, зголемен резервоар за гориво, останал во воздух 24 часа и 24 минути, за кое време летал 23.075 километри без запирање и слетал на пистата на фабриката на Ербас во Тулуз, југозападна Франција.
Давателот на услуги за следење на летови Flightradar24 изјави дека летот е вториот најследен лет досега на неговите канали, по летот од 2024 година што го носеше ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора.
Квантас нарача 12 модифицирани авиони А350-1000ULR, дизајнирани да го поврзат источниот брег на Австралија со Лондон и Њујорк за околу 20 часа.

