Два силни земјотреси, двата со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала, утрово ја погодија северната кинеска покраина Ќингхај, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на првиот земјотрес бил 238 километри југозападно од градот Сининг, каде што живеат приближно 1,7 милиони луѓе. Епицентарот бил на длабочина од пет километри.
Епицентарот на вториот земјотрес, кој следел 18 минути подоцна, бил 246 километри југозападно од Сининг, со епицентар на длабочина од 10 километри.
Нема извештаи за жртви или штети.

