Силен скок на цените на нафтата по објавите на Трамп

Сподели со своите пријатели

Пазарот беше под притисок поради скокот на цената на барел нафта на Лондонската берза над 100 долари за прв пат од мај, додека цената на барел на американскиот пазар се искачи над 92 долари.

Ова е последица на растечките тензии на Блискиот Исток, поради што Хомрускиот теснец, клучниот пат за извоз на нафта од тој регион, е практично затворен за сообраќај.

Имено, вчера американската армија изврши нов бран воздушни напади врз Иран, а Иран возврати со напади врз американските воени бази во соседните земји.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави „сериозна воена одмазда“ против Иран и Хутите, откако тие јеменски борци нападнаа два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 1.000 луѓе починаа од ебола во Конго: Нема вакцини и лекови

Силниот пораст на цените на нафтата во последните недели би можел повторно да ја поттикне инфлацијата, што би можело да ги натера централните банки да ги зголемат каматните стапки.

„Растечките цени на нафтата со оваа стапка претставуваат значаен макроекономски и пазарен ризик“, рече Мет Мискин, аналитичар во Manulife John Hancock Investments.

Тој, исто така, предупреди на недостатокот на ентузијазам, и покрај добрите деловни резултати на компаниите, бидејќи инвеститорите тешко можат да ги оправдаат високите цени на акциите во одредени сектори.

„Вкупните бројки се одлични, но многу компании имаа проблеми што доведоа до пад на цените на нивните акции. Штом се појави најмала слабост, акциите веднаш се продаваат масовно“, објаснува Мискин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп контролира милијарди од венецуелската нафта. Никој не знае каде се парите!