Петнаесет хектари сува и нискостеблеста шума изгореле откако вчера избувнал пожар во селото Макреш по удар од гром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, изгорени се околу 15 хектари површина.

На терен интервенирале шестмина пожарникари со две противпожарни возила во период од 15:10 до 19:55 часот.

Пожарот е изгаснат и во моментов нема активни пожари.


Никола Ивановски

