Туск: Првите воени вежби на Коалицијата на подготвените ќе се одржат на есен во Полска

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека првите воени вежби на Коалицијата на волјата ќе се одржат на есен во Полска.

„Безбедноста не доаѓа од декларации. Таа доаѓа од соработка“, напиша Туск на социјалната мрежа X.

Туск не даде дополнителни детали за вежбите.

Најмалку 25 шефови на држави и влади учествуваа вчера во Париз на состанок на Коалицијата на волјата, во обид да постигнат договор за обезбедување на Украина со повеќе средства за воздушна одбрана.

Денот пред парадата по повод Националниот ден на Франција, 14 јули, на која претседателот на таа земја, Емануел Макрон, ги покани сите земји што придонесуваат кон Коалицијата, овој состанок овозможи продолжување и проширување на напредокот и усогласувањето на позициите постигнати на самитот на Г7 во Евиан во корист на зајакнување на поддршката за одбраната на Украина и притисокот врз руските воени напори, особено преку борбата против „флотата во сенка“, објави Елисејската палата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија ја напушти коалицијата за помош на Украина

Во согласност со Париската декларација потпишана на 6 јануари оваа година, вчерашниот состанок им овозможи на лидерите да го прецизираат оперативниот план за безбедносни гаранции, наменет за обезбедување силен и траен мир во Украина, се додава во соопштението.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претседателот на Франција, Емануел Макрон и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, на 6 јануари во Париз, по состанокот на Коалицијата на волјата, потпишаа Декларација за намери меѓу Украина, Франција и Велика Британија за распоредување мултинационални сили за поддршка на одбраната, обновата и стратешката отпорност на Украина, пренесува Танјуг.

Основана на иницијатива на Франција и Велика Британија во февруари 2025 година, Коалицијата на волјата собира вкупно 37 земји, претежно европски, подготвени да ја зголемат воената помош за Киев и да обезбедат безбедносни гаранции во случај да се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија изврши ракетен напад врз Киев, тврдејќи дека цел биле воени фабрики