Најмалку осум лица се убиени, а пет се ранети во Нигерија откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз луѓето кои присуствувале на погреб, соопшти денеска полицијата.
Полицијата соопшти дека се уште не е познат мотивот за нападот, а во нападот биле опожарени неколку куќи со сламени покриви, како и еден мотор.
Конфликтот се случи во државата Бенуе, една од најважните земјоделски области во Нигерија и долго време опфатена со насилство, често поврзано со судири на сточари и фармери за земјиште и други природни ресурси.
Групата за човекови права Амнести интернешенел Нигерија соопшти дека најмалку 10 луѓе биле убиени во нападот, велејќи дека бројот на жртвите се разликува од официјалните податоци на полицијата.
Организацијата додаде дека по нападот избувнале младински протести, барајќи поодлучни мерки од владата за да се запрат честите вооружени напади и киднапирања во сојузната држава Бену.

