ЗНАМ на терен во Битола: Силна држава, сигурни граѓани, европска иднина. Битола, 12 јули 2026

Сподели со своите пријатели

Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола, градот на конзулите, културата и традицијата, град кој со своето историско наследство, образовен развој и современ потенцијал претставува еден од најзначајните центри на Пелагонискиот регион и важен двигател на развојот на државата.

Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите.

 

 

„Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба даја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правдашто важи за сите и економија која создава можности за развој. Македонијатреба да биде успешна и самоуверена држава која ги штити своитенационални интереси и достоинствено чекори кон Европа“ порачаДимитриевски.

Тој нагласи дека Движењето ЗНАМ е политички субјект кој произлезе одграѓаните и дека токму непосредната врска со луѓето е она што го правиразличен на политичката сцена.

„ЗНАМ е создадено од граѓаните и е тука за граѓаните. Нашата сила не е само во политичките функции и институционалната одговорност, туку пред се во довербата што ја добиваме од луѓето. Токму затоа остануваме меѓу граѓаните, да ги слушаме нивните проблеми, да разговараме за нивните потреби и да работиме на решенија што ќе донесат подобар живот. Довербата не се добива со зборови, туку се заслужува со работа, одговорност и резултати што граѓаните можат да ги почувствуваат“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ.

 

 

На панел-дискусијата се обратија и претседавачот со Централниот одбор наДвижењето ЗНАМ, Игор Филков, како и потпретседателот на Движењето ЗНАМ,државен секретар и кандидат за министер во Министерството заземјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Филков се осврна на реформските процеси во областа на правосудството, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалната одговорност, посочувајќи дека силните институции и еднаквата примена на законите се основа за стабилна и европска држава.

Во контекст на политиките кои треба да создадат стабилна и развојна држава, Серафимовски говореше за состојбите и предизвиците во земјоделството, поддршката за земјоделските производители, подобрувањето на условите за работа и создавањето сигурност за луѓето кои се темел на домашното производство и развојот на руралните средини.

 

 

Движењето ЗНАМ се залага за остварување на своите цели и посветено работи на остварување на истите – Македонија како модерна европска држава со силни институции, стабилен правен поредок, развиена економија, конкурентно земјоделство и еднакви можности за секој граѓанин, држава која својата иднина ја гради со работа, знаење и одговорност.