Неколку локации во Куманово во понеделник (13.07.2026 година) привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 12:00 часот прекини ќе има во делови од индустриската зона во Речица.
Во период од 08:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „11 Ноември“ поточно од мостот пред населбата Бедиње до „Мока кафе“.
Прекини во период од 09:00 до 10:00 часот ќе има и во населбата Карпош, поточно корисниците меѓу м.в. Бара и ТС „Ратко Тишлер“.
Никола Ивановски

