Земјотрес од 5,8 степени ги погоди Филипините

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени го погоди денес островот Минданао на Филипините, објави Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, објави Ројтерс.

Филипинската сеизмолошка агенција објави дека не се очекуваат штети или последователни потреси по овој земјотрес чиј епицентар бил во морето, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  93-годишник ја разнел куќата оти не сакал во дом за стари лица: Деветмина повредени