Викенд прогноза за Куманово: Сончево и ветровито

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време, претежно сонце во претпладневните часови, додека попладне ќе имаме услови за нестабилност со дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 27 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и топло време со умерен до засилен ветер од север и североисток, кој повторно ќе достигнува брзина и до 50 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 28 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој ќе достигнува брзина до 40 километри на час.

Утринската температура ќе се движи околу 12, а максимумот до 27 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе се задржи и во текот на претстојната работна недела.

Никола Ивановски