Филипините вчера беа погодени од серија земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на длабочина од 10 километри, на отворено море и на оддалеченост од 135 километри од градот Дагупан.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.

