Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индонезија денес, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 50 километри.
Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами, јавува Танјуг.

